6 различни форми на ноктите – пронајдете го тој кој вам ви одговара

Вистинската форма на ноктите може визуелно да ги направи вашите прсти потенки, а вашите раце поелегантни.

Формата на ноктите зависи од трендовите. Понекогаш во мода се со остар врв, некогаш рамни, долги или кратки нокти. Важно е, кој облик на ноктит вам, најдобро ви одговара?

Овална форма
Оваа форма на нокти е идеална за оние дами кои имаат широки прсти со широка плоча на нокти, бидејќи создава ефект на подолги и тесни прсти. Што се однесува до маникирот, нема ограничувања: можете да изберете еднобоен маникир или модерен арт-лак за нокти.

 Квадратни нокти
Ова е совршена форма за дами со кратки нокти, кои не можат да ја постигнат овалната форма. Оваа форма е најдобра за тие кои имаат долги прсти и тенки нокти. За маникир, изберете пастелни нијанси или металик лакови.

Кружни нокти
Кратките кружни нокти визуелно ги продолжуваат кратките прсти со мала или тесна плоча на ноктот. Оваа форма на ноктите е дефинитивно најконзервативната, но ако работите многу со рацете, а вашите нокти мора да бидат уредни и кратки, ова е форма за вас. Кога станува збор за избор на лак, најдобро е да не се експериментира, туку да се користи еднобоен маникир.

Заоблени на врвот
Оваа форма е погодна за секого, без разлика дали имате кратки или долги прсти, широка или тесна плоча на ноктите. Можете да експериментирате со дизајнот и боите на лак.

Форма на трапез
Оваа форма се нарекува “балерина”, бидејќи потсетува на балетанките за балерините. Во принцип, оваа форма на долги нокти не е практична, а ни посебно модерна. Но, постојат девојки кои не се гледаат себе си со друг облик на ноктите (најчесто оваа форма се постигнува со акрилик). Формата “Балерина” е погодна за оние девојки кои имаат долги и тесни плочи на ноктите. Во овој случај, најдобро е да се одлучите за монохроматски нокти, а не за арт-лак.

 

„Stiletto“

Оваа форма на ноктите во принцип, не е во мода. Но, ако навистина сакате такви нокти, тогаш можете да ја изберете оваа форма. Таквите нокти се наменети за девојките кои сакаат да бидат забележени и за тие, кои исто така имаат пари и време да одат во салонот еднаш неделно, за да го обноват својот маникир. Кога станува збор за избор на лак, можете да изберете сјаен, бисерен, мат, и проѕирен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовата чанта Neonoe на Louis Vuitton во 6 бои!
Следна објаваКако да се подобри изгледот на кујната!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР