Париските уметници и сопственици на галерии напишаа отворено писмо против исталирањето на скулптурата од Џеф Кунс, опишувајќи го споменикот како “шокантен и не добрeдојден”.

Американскиот уметник Кунс, познат по своите репродукции на банални објекти, објави дека сака да му ја подари на Париз неговата скулптурата Букет од лалиња, како “симбол на сеќавање, оптимизам и оздравување” по терористичките напади од ноември 2015 година.

Потпишувачите на петицијата се осврнуваат на тоа дека уметникот ја подарува само идејата, а повеќе милионската изведба и инсталација (3.5милиони евра), би била на товарот на француската држава и даночните обврзници.

Зошто едно дело од ваква важност кое што би требало да биде поставено на многу престижно место, како што е вообичаено, не би било една отворена можност или конкурс за сите учесници на француската културна сцена.

Според Кунс, скулптурата има за цел да ја имитира Статуата на слободата која го држи факелот.

Ова монументално дело би требало да биде трајно поставено пред прстижната палата Palais de Tokyo, по желба на Кунс, што е далеку од местото на трагичниот настан.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУспешно клонирани мајмуни Hua Hua и Zhong Zhong во Кина!
Следна објаваGigi Hadid ја откри тајната за нејзината негуваната коса!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР