Зимата има различни лица во Европа. Според нашите желби, во овие зимски месеци можеме да најдеме многу атрактивни места.

Ви прикажуваме 5 најдобри зимски дестинации во Европа.

Андора
Андора е една од најмалите земји во светот, но на своите посетители им нуди висока концентрација на активност. Покрај скијањето и скијашките трки на најголемиот ски-центар во Пиринеите, можете исто така да доживеете адреналински авантури во природата. Дестинацијата е позната и по најдобриот шопинг, бидејќи даночните олеснувања овозможуваат ниски цени.

Јасна, Словачка
Иако Словачка не е позната како најдобра ски дестинација, можете да најдете висококвалитетни патеки во Јасна. Покрај тоа, билетите се поевтини и има помалку луѓе во ски-центарот. Зимското одморалиште исто така нуди пријатна угостителска понуда и неколку убави хотели.

Андалузија, Шпанија
Ако не сте меѓу оние кои уживаат да го посетат Дедо Мраз и не ви се допаѓаат зимските пејсажи, можете да ја посетите Андалузија. Шпанската Андалузија нуди многу повеќе од само умерени температури. Се протега на југ од Пиринејскиот полуостров, каде заплискуваат водите на Атлантикот, Гибралтарското Море и Средоземното Море. Убавите локации како што се Севиља, Кордоба и Гранада се покриени со сончеви зраци и се познати по нивниот одличен ноќен живот и вкусните тапаси.

Абиско, Шведска
И во градот Абиска во северниот дел на Шведска, можете да го набљудуваме магичниот северен сјај. Во текот на неколку часови дневна светлина, можете да уживате во возењето на санки или да ги испробате вештините на скијачката патека. Не заборавајте на најтоплата облека, ако се одлучите да го посетите ова место.

Рованиеми, Финска
Финскиот град Рованиеми секоја зима привлекува голем број посетители. Причината не се само бајковитите пејзажи и разновидниот спектар на активности на снегот. Главната цел на многу туристи е да се сретнат со Дедо Мраз, кој живее таму. Селото на Дедо Мраз се наоѓа на крајот од градот, околу 8 километри од центарот на градот и два километри од аеродромот Рованиеми. До селото на Дедо Мраз, автобусите од Рованиеми возат секој час а тргаат од главната автобуска и железничка станица. Хаските и ирвасите се омилен транспорт на Дедо Мраз, а интересно е што посетителите можат да полагаат тест за возење на запрега и да добијат дозвола на пет години.

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовремено купатило со функционална убавина!
Следна објаваТри одлични Фенг шуи совети за домот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ