Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен  фото натпревар на Instagram!


Стефанија Шутарова

Стефанија Шутарова е аматер чиј предизвик за фотографирање се пејсажите и зајдисонцето.

Фотографијата е фотографирана со мобилен телефон на 1 јануари во Богданци. Едитирана е со минимални корекции во апликацијата Snapseed и претставува прво зајдисонце во новата 2018 година

Контакт со Стефанија можете да воспоставите преку нејзиниот Facebook и Instagram.


Емили Здравковска

Емили Здравковска ја сака фотографијата од 14 години ( сега има 21). На фотографирањето гледа како хоби што секогаш ja исполнува и го правi со љубов и уживање. Сака да фотографира буквално сè, а најомилени и се фотографиите кои се спонтани и природни. Се што го привлекува нејзиното око и смета дека е убаво таа го овековечува во слика, а најголем предизвик и е да фотографира луѓе на улица кои се тотални странци за неа и за момент да ги „замрзнам” нивните експресии на лицата.

 Фотографијата е сликана со еден стар апарат што го имав тој период Canon eos350d, едитирана е на апликацијата VSCO ( конкретно ефектот U3/OVERCAST ) и фотографирана е во Германија крајот на август, ретко посетувано место и баш затоа ми беше предизвик да ги сликам сите тие убавини што ги нудеше Северниот дел и Северното море.

Kонтакт со Емили Здравковска можете да воспоставите преку меил  emilizdravkovska@yahoo.com или на нејзниот персонален инстаграм Instagram или @capturedbysomeone .


Никола Стефков

Никола Стефков е аматер фотограф за кого фотографирањето претставува хоби преку кое ја експресира својата креативност.  Фотографијата е направена на random улица во Белград, Србија. Сликана е со професионален апарат а обработена е во Lightroom CC мобилна апликација.

Контакт со Никола можете да воспоставите преку неговиот e-mail (nstefkov.ns@gmail.com) и преку неговиот Instagram.


За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако стаклена градина: Botanist – ресторан во Ванкувер!
Следна објаваРомантичен љубовен хотел во Кина!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР