Најубави венчаници отсекогаш биле тие кои се комбинација на традиционалното и модерното…

Во 2018 година, кога станува збор за венчавки, наидуваме на неверојатни трендови кои многу млади луѓе ќе ги засакаат и ќе ги вклучат на овој голем ден. Погледнете некои од нив…

Впечатливи обетки

Впечатливи обетки кои ќе светат под вашата коса и ќе бидат фокус на целиот стајлинг, ќе бидат апсолутен ” must have” изглед на секоја модерна невеста. Ова значи дека наместо “класична” венчаница ќе одберете елегантна и поедноствна, а целата “слава” ќе ја насочите кон впечатливите обетки.

Некаде помеѓу огромните прослави на венчавки како од соништа, се наоѓаат микро-свадбите, кои ги вклучуваат само кумовите и членовите од најблискиот фамилијарен круг. Се повеќе вакви свадби ќе бидат организирани низ целиот свет.

Волуминозни – (паф) ракави

Кога станува збор за изгледот на венчаниците, во новата сезона дефинитивно ќе доминираат фустани со паф ракави кои изгледаат неверојатно добро. Во ваква венчаница ќе изгледате и ќе се чувствувате како вистинска принцеза од бајките.

 Фондан кој се прелева

Тортите кои изгледаат како да се направени за изложба, ќе станат голем хит меѓу идните невести. Иако ќе ви биде тешко да ја исечете тортата на почетокот, но поради нејзиниот вкус, нема да зажалите (ама и добо изгледаат на фотографиите).

Конфети од пом-пом топчиња

Наместо класичните конфети кои се лепат на вашиот фустан, коса, па дури и кожа, 2018 ни носи еден друг вид на забава – пом-пом конфети. Побарајте од вашите пријателки да ви направат колку што е можно повеќе пом-пом топченца, лесно се прават од волница и забавата ќе биде загарантира на вашата прослава.

Мини тетоважи
Многу млади, наместо бурми сакаат да ја покажат својата љубов на повисоко ниво – со помош на тетоважи. Мини поврзаните тетоважи се слатки и долготрајни, така што за овој тренд ќе треба добро да се размисли.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСвечен Мимоза коктел од брусница и вино!
Следна објаваНова кампања на Valentino – пролет/лето 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР