Шминката ни служи да ги скриеме сите неправилности на лицето и да ја нагласиме природната убавина на обликот на лицето и кожата. Шминка е дел од секојдневниот живот на повеќето жени и скоро да не знаеме како да живееме без шминка.

Ако сте една од личностите кои се убедени дека не можат да живеат без шминка, треба да знаете како да се однесувате со шминката, бидејќи во спротивно, имате одлични шанси да доживеете непријатни последици.

Шминката ги затвора порите и помага на појавата на мозолчиња на вашето лице. Кожата мора да дише за да биде здрава. Користењето на прекумерна количина на шминка ќе ги затне порите и не треба да бидете изненадени од појавата на митесери  и мозолчиња. За спиење со со шминка воопшто нема да зборуваме, бидејќи сите знаеме дека тоа е смрт за кожата.

Шминка ја суши кожата и го стимулира појавувањето на брчките. Ова особено се однесува на подрачјето околу очите. Редовното нанесување на пудра и коректор во подрачјето под очите, покрај иритирането на деликатната кожа на тој дел од лицето, исто така, го суши.

Но без грижа, не треба да се откажувате од шминката засекогаш, туку посветите малку повеќе време на себе и на почитување на правилата, а вашето лице ќе биде благодарно за тоа:

1. Пред да ја нанесете шминката, темелно исчистете го лицето и нанесете крем што одговара на вашиот тип на кожа. Избегнувајте примена на пудра на неподготвено лице.

2. Пијте многу вода. 2 до 3 литри на ден, ќе им овозможи на вашето тело и кожа доволна количина на хидратација, а лицето ќе изгледа посвежо и одморно.

3. Бидете внимателни при нанесувањето на пудра и коректор. Многу, не значи и подобро. Освен што пудрата ќе биде многу забележителна на вашата кожа, таа исто така ќе ги затне порите а мрсниот сјај ќе се појави многу побрзо. Исто така, при примена на шминка, нежно третирајте ја кожата на лицето.

4. Редовно чистење на сунѓерите и четките кои ги користите за да ја примените шминката.

5. Одвреме-навреме дајте и на кожата некој ден, да се одмори и потполно релаксира од шминката.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПразничен џемпер од Zara!
Следна објаваКако се носи дезен со точки оваа зима!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР