Дојде моментот кој сите го oчекувавме. Како и секоја година во овој период, се најави бојата што ќе ја одбележи следната година.

Минатата година (или сеуште оваа година) беше одбележана со зелениот шампион Greenery, а сега конечно, објавна е топ бојата за 2018 година.

Pantone ја објави својата пресуда, а главната боја за претстојната година ќе биде  Ultra Violet (18-3838), односно нијанса на виолетовата.

Токму оваа боја насекаде ќе ја гледаме во 2018 година, во продавниците, во нашите гардеробери, на улиците, повеќе или помалку, во секој агол каде ќе погледнеме.

Станува збор за интензивен и сјаен виолетов тон, кој според Pantonе, укажува на оригиналност, остроумност и визионерско размисливање кое нè води кон иднината. Таа е боја која беше вистинска муза на многу уметници како на Jimi Hendrix – Purple Haze, а потсетува на мистерија и ноќ, медитација и мир.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела
Следна објаваМоден водич од новото издание на серијата Династија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР