За љубителите на коктели, овој избор сигурно ќе ги освежи празничните денови кога со радост за своите најблиски подготвуваме посебни изненадувања. При мешањето на коктелите, треба да се внимава на мирисот и вкусот, бојата, создавање на нова арома, убав изглед и атрактивност.

Со секој нов ден, откриваме нови гастро-сензации. Човечката љубопитност за ново, не води до создавањето на совршените комбинации што ги засакуваме од прва.

Apple pie е одличен зимски коктел кој содржи топол сок од јаболко, рум и цимет.

80ml сок од јаболко
15ml сируп од цимет
40ml Havana especial
Загрејте го сокот од јаболко на температура близу до 60с и истурете го во чашата за коктел. Додајте 40ml од Havana Especial рум и 15ml цимет во сируп и лесно промешајте. Потоа послужете го во Либи чаша и украсете со тенко парче јаболко, претходно зачинето во цимет во прав.

Коктелскиот класик Margarita, овој пат е замрзнат и е контраст на топлите зимски пијалоци.

6 мл текила силвер
3ml свеж сок од лимон
2cl triple sec
Сите состојки се ставаат во блендер, додадете неколку коцки мраз. Сите заедно се блендаат и се прелева во стаклена чаша. Украсете со лимета или јаболко.

Strawberry coconut raffaello freakshake

Вистински сладок зимски коктел кој сите можеме да си го дозволиме во студените денови е Freakshake со своите варијанти Chocolate brownie cookie и Strawberry coconut raffaello

Работ на чашата за milkshake заронете го во прелив од бело чоколадо и наросете ливчиња од кокос. Потоа додадете го предходно спремениот шлаг и украсете со  топчиња Raffaello и marshmallow, со вкус на јагода. Посипете со стопено чоколадо и уживајте во коктелот.

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУдобно столче кое ќе Ви овозможи приватност!
Следна објаваДенис Чемберс со формацијата „Trace elements“ вечерва во Станица 26
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР