1. Овесна каша
Богата е со влакна и го намалува нивото на “лош” холестерол.

2. Јагоди, боровинки, капини, малини
Овие бобинки го намалуваат и го регулираат крвниот притисок и овозможуваат подобар проток на крв преку крвните садови.

3. Црно чоколадо
Ако се јаде во нормални количини, го нормализира крвниот притисок и ги чисти крвните садови

4. Ореви, бадеми, лешници…
Тие содржат високо ниво на протеини и содржат високи количини на витамин Е што го намалува холестеролот.

5. Маслиново масло
Само неколку лажици маслиново масло, го намалуваат холестеролот и шеќерот во крвта.

6. Црно вино
Помага кај запушени крвни садови, при детоксикација на телото и до губење на тежината. Се разбира, ако пиете во мали количини.

7. Зелен чај
Овој чај го забрзува метаболизмот и го подобрува губењето на тежината. Исто така води до подобар проток на крв во крвните садови.

8. Брокула и спанаќ
Овие намирници содржат високо ниво на витамини, минерали и антиоксиданти. Ако често се консумираат, крвниот притисок го нормализираат.







![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)







