Superstar“ е името на есен/зима кампањата на спортскиот бренд Адидас. Главниот фокус е во моделите, уметнците, активистите и атлетичарите. Superstar патиките се дизајнирани за да ја редефинираат убавината, па затоа не треба да не изненадува фактот од личните избори на шведскиот модел, која е и самото лице на кампањта.

Arvida Byström е шведски уметник, модел, фотограф и активист на анти – бричење движењето (no-shave movement). Како заштитно лице, Арвида позира во бел фустан, розева маица и пастелни Superstar обувки. Создавајќи слика на типично женствена фигура, таа предизвика бурни реакции на социјалните мрежи прикажувајќи ги нејзините влакнести недепилирани нозе. Вистински шок беше да се читаат навредите кон девојката и неколкуте коментари за силување на видеото на YouTube. Сепак, на нејзиниот инстаграм профил, Byström напиша: „Не можам ни да замислам како е да не се поседуваат сите овие привилегии и да се обидеме да постоиме во светот. Испраќам љубов и обиди се да запомиш дека не сите го имаат истото искуство да се биде личност.“

Мора да запомниме дека доколку не штети никому, наша задача е да го прифатиме туѓиот избор за начин на живот и да не ја осудуваме неговата експресија. Меѓусебната толеранција води до здраво општество.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФранцуската модна куќа Balmain за пролет 2018!
Следна објаваНеделен хороскоп од 09.10. – 15.10.2017 година!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР