Оливие Растен е креативен директор на француската модна куќа Балмен веќе пет години, а неговите колекции се секогаш различни и уникатни.

Модната ревија која ја прикажа Оливие Растен во Париз, во палатата Гарниер, за пролет 2018, имаше неверојатно значење за самиот дизајнер. Како мал бил усвоен и прв пат во палатата Граниер присуствувал кога имал 10 години, со родителите кои го усвоиле. Уште тогаш знаел што сака во животот и мечтаел еден ден и тој да настапи во оваа палата. Не ни сонувал дека неговите соништа ќе се исполнат и дека облеката со негов потпис ќе ја носат многу познати личности како Брижит Макрон или Ким Кардашијан.

Новата пролетна колекција на Балмен за 2018 година има сосема поинаква вибрација. Дизајнерот не еден нов начин ги оплеменил модните комбинаци за преку ден. Во колекцијата доминираат црната и белата, а само со по некое појавување на сината, црвента, сребрената и златната боја.

Набори, монистри, карнери и кристали се таму за да го зачинат секој модеел од колекцијата. Оливие, според модните експерти, создаде колекција од 82 модерни фустани.

Оваа колекција е доказ за брилијантниот и генијален ум на младиот творец, за кого се “тепаат” сите славни личности.

Погледнете дел од новата колекција…

Balmain kolekcija za proleće-leto 2018Balmain kolekcija za proleće-leto 2018Balmain kolekcija za proleće-leto 2018Balmain kolekcija za proleće-leto 2018Balmain kolekcija za proleće-leto 2018Balmain kolekcija za proleće-leto 2018

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕксклузивно: куратор Aна Франговска – Кон творечкиот опус на Евгенија Демниевска!
Следна објаваМодел и активист од „анти – бричење“ движењето во кампања на Адидас
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР