Џиновскиот 1, 109-каратен дијамант, втор по големина дијамант пронајден во модерната историја, според експертите е премногу голем за продажба и можно е дека треба да се исече на повеќе делови за да може да се продаде.

Дијамантот е речиси голем како тениско топче. познат под името “Lesedi La Rona“  на националниот јазик на Боцвана каде што е најден, што во превод значи “Наша светлина”, а минатата година беше понуден на аукција во Сотби на која сепак не се продаде.

“Ова е втор камен по ред кој има повеќе од 1.000 карати што воопшто е најден во историјата, не гледам зошто би требало да се полира. Каменот е во сурова форма и содржи нераскажан потенцијал. Аукцијата на која беше понуден 2, 5 – 3 милијарди години стариот камен не ја задоволи предвидената цена во јуни минатата година, кога купувачите за него понудија 61 милиони долари, а компанијата која го откри, очекуваше 9 милиони повеќе”, изјави William Lamb, извршниот директор на канадската компанија Lucara Diamond Crop, кој се надеваше дека ултра-богатите колекционери на дијаманти сепак ќе го понудат очекуваниот износ.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНови верзии на Wingback – Tom Dixon дизајн!
Следна објаваУличната уметност на Том Боб во Њујорк
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР