Ви претставуваме 5 интересни Инстаграм профили со кои никогаш веќе нема да размислувате за тоа што да зготвите за појадок, ручек или како да ги изненадите своите гости.

Покрај убавите слики на овие профили кои ви ги претставуваме, ќе најдете и детални рецепти.

@livegreenhealthy

Девојката со име Jenny Lei живее во New York и го води Instagram профилот за здрава храна, каде ги собира рецептите од целиот Интернет. Jenny издаде и електронска книга Detox чие мото е “Не јадете помалку, јадете подобро”. На овој профил можете да најдете рецепти за хранливи салати, сите видови на тестенини, сендвичи за доручек и pizzа за големо друштво.

@thedelicious
Instagram и блог со убаво име The delicious lifе го води Sarah Jay Gim , која ве поканува на убаво јадење секој ден. Нејзиниот Instagram не е само збирка на рецепти – тоа се композиции со најдобрите традиции на холандскиот живот. Ако планирате да го изненади своето друштво во блиска иднина, секако проверето го профилот на Sarah, бидејќи ќе најдете многу рецепти.

@nutritionstripped

Експерт за нутриционизам и диети, McKeel Hill, раководи со блог на кој ја дели својата филозофија на здравата исхрана со рецепти за вкусни закуски и корисни десерти, како што се кокос бонбони и палачинки од боровница.

@iquitsugar
Блогот Sarah Wilson повикува за потполно отфрлање на шеќерот и приклучување на 8 -неделен програм на исхрана. За сите новитети девојката зборува на својот Инстаграм профил, каде што ќе најдете корисни рецепти за колачи со цимет или грчки пита.

 

@sproutedkitchen
Парот Hugh и Sarah Forte, водат блог со рецепти во кои главно се користат сезонски земјоделски производи. Веб-страницата содржи детални инструкции, посебно внимание се посветува на појадокот, за кој ќе најдете многу интересни рецепти. Било да е тоа домашна гранола или ужинка. Во 2012 година, семејството Форте издаде книга – Готвач, кој содржи вегетаријанска рецепти.

 

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР