Од 26 јули до 4 август 2017 во Младинскиот културен центар се случува промотивниот проект „Европска престолнина на културата” што има за цел да го стимулира и поддржи културниот развој на градот Скопје, да ги поврзе претставниците на сите институции на културата, заедно да се подготват за изработка на темелна, оригинална и конкурентна програма до претстојните термини за аплицирање за оваа европска титула.

За отворањето утре направен е избор од програмите на европските престолнини на културата: Сан Себастијан, Шпанија 2016; Плзен, Чешка 2015 и Монс, Белгија 2015:

20.00 ч. „Фотодокумент”, Отворање фотографска изложба на Вацлав Шваб (ЕКОК Плзен 2015, Чешка)

Вацлав Шваб е реномиран фотограф кој живее и работи во Плзен, Република Чешка и е еден од водечките градски фотографи. Создава уметнички, концептуални, комерцијални, модни, рекламни, документаристички/репортажни фотографии.

20.30 ч. Јас, ти и градината, фотографска инсталација, (ЕКОК Монс 2015, Белгија)

Избор на четири фотографски инсталации – осум фотографии од четири фотографи, поставени на отворена локација; црно-бели / колор фотографии, дигитални печатења на форекс.

21.00 ч. „Пораки од границата“, Документарен филм, филмска репортажа, (ЕКОК Сан Себастијан 2016, Шпанија)

Овој проект е резултат на стручната меѓународна работилница „Значењето на титулата Европската престолнина на културата и нејзиниот придонес за културниот и општиот развој на градот” во 2015 година на кој се поврзавме со претставници на ЕПК Нови Сад 2021, ЕПК Риека 2020, Љубљана и ЕПК Пловдив 2019, по што следуваа низа активности.

Организатор на настаните е ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски” – Скопје, а покровител е Град Скопје.

Каталог во електронска форма на македонски јазик можете да превземете тука, а на англиски јазик тука.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајлуксузна подводна ложа!
Следна објаваНеколку Instagram профили за здрава и вкусна храна!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР