Под насловот Помеѓу“ во Белград на меѓународниот фестивал Миксер во периодот 25. – 28. мај ќе биде претставена изложбата на македонски дизајн.Помеѓу”, е изложба на дизајн производи произведени од страна на 6 млади македонски брендови во период 2016- 2017година.

Македонските дизајн брендови,  We and Nature, Rinocca,  Преплет студио, Кире Стојоски, Марија Рашковиќ и Евгенија Зафировска, застапувани од страна на дизајн центарот Јавна соба ќе се претстават на 5 регионални дизајн фестивали и саеми во период мај – ноември, 2017, а Белград е традиционално прва наша дестинација.Линк од фестивалот Миксер: http://festival.mikser.rs/project/putujuca-izlozba-makedonskog-dizajna-izmedu/

Македонскиот дизајн на производ е редовно застапен на меѓународната сцена преку патувачки изложби организирани од страна на дизајн центарот Јавна соба. Оваа соработка иницирана од страна на два клучни регионални актери (Јавна соба и Мисер)  датира од пред 8 години. Дизајн организациите го насочуваат своето работење кон подигнување на нивото на соработка во регионот  и а тој начинго афирмираат националниот во рамки на балканскиот дизајн како препознатлив бренд во пошироки рамки.

Регионалната размена е од исклучително значење за национален и индивидуален развој на дизајн секторот во самите земји. Докажано е дека регионалната размена стимулира зголемување на продуктивност кај дизaјнерите, но и го подигнува нивото на свест кај публика и креира здрав и свесен конзумеристички пристап кон дизајн производите, кое емногу значајно за опстојување на локалните брендови. Клучниот момент за оваа размена во Македонија е фестивалот  Skopje Design Week,  кој ова година ќе се реализира во период 22.- 25. ноември. Земја во фокус оваа година е Унгарија.

Јавна соба – дизaјн центар  –  www.publicroom.org

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовршена игра на светлина и сенка во вашиот екстериер!
Следна објаваКристален кајак за уживање во вода
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР