Познатите “Faberge” јајца кои биле изработувани исклучиво за тогашните руски цареви биле изработувани во периодот од 1885 до 1917 година. Познатиот руски јувелир Carl Faberge ги изработувал исклучиво по порачка од страна на рускиот цар Александар III кој сакал да и подари на својата сопруга луксузен примерок на јајце изработено со дијаманти и рубини.

По смртта на царот, неговиот престолонаследник Николаj II секоја година традиционално порачувал да му се изработат по два примерока  кои ги подарувал за родендените на својата мајка и сопруга.

Faberge јајцата се сметаат за ремек-дела во златарската уметност. Вкупно се изработени околу 50 парчиња, од кои се сочувани 42. Повеќето од нив можат да се видат во музејот Кремљ.

Најголемата колекција на овие луксузни јајца ја поседува рускиот милијардер  Victor Vekselberg. Дури десет од нив се во негова сопственост!

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР