Среќните парови не можат да се изнауживаат еден од друг… но сигурни сме дека прават некои од овие 8 работи, кои секогаш им мамат осмев на лицето кога се гледаат еден со друг…
Мислите дека овој лудо заљубен пар никогаш не се кара? Секако да. Но наместо да фрлаат чаши еден на друг, тие секогаш се тргаат еден чекор назад и целата ситуација ја гледаат со очите на партнерот.
- Кога се сами , се слушаат еден со друг.
- Не ја поминуваат секоја секунда од животот заедно.
- Имаат одвоени пријатели.
- Гледаат на работите од перспектива на другиот.
- Меѓусебната почит им е константа.
- Го разбираат “љубовниот јазик” на другиот.
- Не ги прифаќаат компромисите, тие се жртвуваат.
- Играат по “сопствените правила”.
Aretha Franklin мудро кажала: среќните парови не се само среќни затоа што се заљубени, туку затоа што се чувствуваат почитувани. Кога ќе се скараат со мајката, шефот, децата,…знаат дека секогаш во домот ги чека заштита и мир.