Vila Maison 613, се наоѓа на Beverly Hills, а дизајнирана е во 1921 година од екстравагантниот архитект Roy Sklarin. Инаку, оваа вила се наоѓа во квартот Golden Flats, кој е прогласен за најексклузивен во целиот свет.
Комплетниот ентериер на овој дом не може да ве остави рамнодушни. Иако е со посебен вкус, гламурозната вила одушевува и со големината – се протега на 6.400 квадртани метри.
Вилата има 27 купатила, спални соби како за кралска та фамилија, сала за филмски проекции, сопствена куглана, терен за кошарка, џакузи….Внатре во куќата има огромен дневен простор со камин и фантастично опремена кујан со најсовремена бела техника.
Вилата се наоѓа во спектакуларно срeдена градина, со фонтани со скулптури на ангели кои ја правата атмосферата уште поубава. Вредноста на оваа вила изнесува 39,95 милиони долари.