Зарем има поубаво чувство за секоја жена од добар шопинг во Carpisa и потоа средба со другарките на вкусна храна во мексиканскиот ресторан Амигос!  За миг ќе се почувствувате како да сте некаде далеку..

Овој месец не само што ја најавува пролетта туку е и месецот на жената. Па, ако сеуште не сте решиле не знаете каде да го прославувате месецот на жената со вашите колешки и пријателки, дефинитивно морате да ја погледнете нашата фотосесија.

Овој пат решивме да ви ја презентираме новата пролетна колекција на Carpisa заедно са нашите пријатели мексиканскиот ресторан “Амигос”. Тие тукушто ја отворија летната тераса за нас и ни презентираа дел од нивното мени, како и мартовските пролетни коктели кои се на -30% овој месец.

Пролетната колекција на Carpisa е инспирирана од цветови и од живописната Африка, така да торбите и модните додатоци се со сафари принт. Младешките модели на торби се со етно мотиви, како и шавовите и декоративните копчиња, кои потсетуваат на типичниот накит на Масаи племето. Присатни се животински мотиви како крокодил, ној и питом, кој се провлекуваат низ целата колекција.

ПРОБАВМЕ HONEY AND CITRUS САЛАТА

Прекрасна салата подготвена со марула, пилешко, горгонзола, портокал, кромид, пиперка, ореви и брусница. Прелиена со сос од мед и портокал. Прекрасен микс од вкусови кој ќе ве засити и ќе ве освежи. Здраво и вкусно.

ПРОБАВМЕ QUESADILLAS

Мексикански специјалитет кој вклучува две тортиљи сервирани една над друга исечени на триаглоници. Можат да бидат наполнети по ваш избор. Ние избравме да бидат составени од фета сирење, домати, лук и босилок.

ПРОБАВМЕ TAMPICO CON VERDURAS

Амигос специјалитет со ориз и зелечнук. Мексикански ориз со печени мешани зелечнуци, печурки и кашкавал, сервирани во крцкава тортиља, прелиени со салса и павлака. Одлично изгледа, многу убаво е сервирано, а ќе се навлечете на неговиот вкус.

ПРОБАВМЕ COBB САЛАТА

Пролетта дефинитвно е периодот кога започнуваме со здрава исхрана. Па, затоа пробавме уште една протеинска салата. Салатата е со авокадо, пилешко месо, варено јајце, домати и крцкава сланина. Сервирана со сос од мед и сенф на подлога од ајзберг и рукола.

ПРОМОТИВНО ПРОЛЕТНИ КОКТЕЛИ НА -30%

Одбравме два коктели освежителни и вкусни за месец март. Rum Cooler и Cucumber gin fizz. Две спротивности. Едниот е благ и интензивен, а другиот освежителен и лесен.

Повелете на шопинг во Carpisa и одмор и вкусна храна во Амигос.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКуќа која потсетува на колибата на Снежана
Следна објаваШто се’ ќе може да се види, чуе, вкуси и направи на второто издание на Fashion & Lifestyle Expo?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР