Мистеријата околу Бермудскиот Триаголник конечно има решение? Природата на местото каде што стотици авиони и бродови исчезнаа околу необјаснети околности конечно нуди решение, според Science Channel.
Тимот на американски научници од Универзитетот при Колорадо ги анализираа сателитските фотографии од временската нестабилност и забележаа серија на невообичаени хексогонални облаци. Метерологистите се ослонуваат на теоријата дека овие облаци всушност се однесуваат како вистински воздушни бомби.
Се верува дека тие ги предизвикуваат смртоносните ветрови кои достигнуваат и до 273 километри на час. Овие урагански ветришта прават воздушни експлозии на кои не може да преживее нити еден брод или авион досега измислен.
Облаците обично не формираат правилни краеви, но според сателитските фотографии, Бермудскиот триаголник е исклучок од ова правило.
Најавата на оваа теорија мотивираше понатамошни истражувања. Научниците од целиот свет се трудат да ги разберат причините за аномалии од ваков тип.