Новата колекција на брендот Roberto Cavalli за есен/зима 2017/18 е прекрасна!
Иако реално тоа никој не го очекуваше, откако оваа модна куќа ја напушти креативниот директор Piter Dundas, Roberto Cavalli успеа да ги задржи високите стандарди кога кавалитетот и дизајнот се во прашање.
Компелксноста на секој модел од новата колекција е многу динамична. Иако дизајнерскиот тим ја креираше колекцијата која e ready-to-wear, мораме да признаеме дека колекцијата содржи многу елементи на висока мода. Многу креации се вредни за одушевување, како широките пантoлони на фалти или капутите, како и корсетите кои се креирани скулптурално.
Фустаните се романтични, благодарејќи на карнерите, пердувите и накитот кој одушевува, а посебно ни се допаѓаат мини фустаните кои ги истакнуваат чевлите. Roberto Cavalli колекцијата, е женствена, полетна, жива, интересна…всушност тоа и што го очекувавме од овој бренд.