Еве неколку ситни детали кои не сте ги знаеле за нашите порти кон универзумот: Очите почнуваат да се развиваат по 2 недели откако сте зачнати и тие не ја менуваат својата големина до крајот на животот.
- Бојата на вашите очи е определена од нивото на меланин во вашите ириси. Кафеавите очи имаат повеќе меланин отколку сините, на кои им недостасува меланин и од таа причина на површина излегува колагенот (кој по боја е син).
- “Црвено око“ на сликите се случува кога светлината од блицот ќе се одбие од зад окото. Короидот се наоѓа зад ретината и е богат со крвни садови, што го прават окото црвено на слика.
- Отпечатокот од прстите има 40 уникатни карактеристики, додека ирисот има 256. Поради оваа причина се почесто се користат скенирања на ретината како безбедносни мерки.
- Доколку имате сини очи, тоа значи дека делите еден ист предок со сите синооки луѓе на светот. Првиот човек со сини очи живеел пред околу 6000 до 10000 години. Пред тоа, сите луѓе имале кафеави очи.
- Вашето око содржи 107 милиони клетки кои се чувствителни на светлина.
- Кога би носеле очила кои ја превртуваат сликата наопаку, вашиот мозок би ја поправил сликата. Иако би гледале наопаку неколку дена, вашиот мозок би се погрижил во најскоро време да го реши проблемот.
- Во просек, трепкате 17 пати во минута, 14 280 пати во 14 часа и 5.2 милиони пати за една година. Вашите очи трепкаат повеќе кога зборувате, но помалку кога читате и затоа мускулите побрзо се заморуваат.
- Очниот мускул се контрахира најбрзо од било кој друг мускул. Едно трепкање трае отприлика 100-150 милисекунди. Возможно е да трепнете дури 5 пати во една секунда.