Патувањата по светот не се резервирани само за парови, најдобри другарки, пријатели и друштво – девојки и жени, одважете се и заминете сами на патување! Женското соло патување е исполнето со чувство на слобода, љубопитност и сопствено исполнување. Филмовите како “Eat, Pray, Love” и “Wild“, би можеле да ве потикнат на размислување за таа одлука, а ние ви предлагаме 9 совети, кои мислиме би требало да ги примените за да бидете посигурни на патувањето.
Направете фотокопија на документите и ставете ги во патната торба.
Секогаш редовно јавувајте и се на фамилијата и пријателите.
Осигурајте едноставен пристап на сите свои документи кои секогаш ги носите со себе и имајте број на контакти за хитни потреби (никогаш не држете го сето тоа во торбичката).
Не истакнувајте се дека патувате соло, дури ни во хотелот.
Секогаш имајте парична резерва со вас.
Облекувајте се како локалното население.
Отфрлете ја вашата чанта и набавете добар, сигурен ранец.
Спријателете се со останатите соло патници.
Кажете “НE” и верувајте и на својата интуиција.