Ова би требале да знаете пред да одберете нова даска за сечење – старата, наверојатно ќе ја фрлите од кога ќе го прочитате текстов.
Пластичните даски за сечење се помалку хигиенски од дрвените.
Истражувањата направени на универзитетот во Висконсин, докажаа дека на дрвените даски опасната бактерија салмонела не се размножува, додека на пластичните преживува и се размножува.
Се работи за тоа што дрвeните даски се порозни, така да бактериите “потонуваат” под површината, каде што не можат да се размножуваат и на крај умираат. На пластичните даски, бактериите се собираат на изгребаната површина и се размножуваат со голема брзина, пишува”Daily mail”!
Но било која даска да ја користите, важно е да после секоја употреба темелно ја измиете и оставете добро да се исуши.
Менувајте ги штом ќе забележите пукнатини и гребнатинки или кога ќе почнат да ја менуваат бојата.
Имајте во предвид дека една не ви е доволна. Најдобро би било да имате најмалку две додека ја спремате храната. Едната за сировото месо, а другата за зеленчукот. Така ќе спречите ширење на бактерии од една намирница на друга.
Доколку немате две даски за сечење, прво исечето го зеленчукот а потоа сировото месо.