Дизајнерката Mariana Fernandez Folberg ги креираше овие зимзелени светлечки растенија, за кои не морате да се грижите дали ќе се исушат или дека ќе бидат незабележани. Ботаничкиот свет, отсекогаш ја интересирал Marianа како индустријски дизајнер, зошто како самата вели “секое растение има своја единствена естетика која служи на одредена фукнција или потреба .”
За изработка на овие светлечки растенија, таа одлучила да се фокусира на различни видови листови и новните “вени”, кои ги пренесуваат водата и минералите од коренот до листот. Lamp Plant светилките се опремени со LED акрилни листови кои го пренесуваат светлото низ гравираните вени од базата до врвот на растението , притоа создавајќи меко зелено светло. Секоја светилка е уникатна, секој лист поединечно е свиткан како би се создал единствен органски облик, токму така, како што самата природа го прави.