7 едноставни вежби како да ја подобрите меморијата!

7 едноставни вежби како да ја подобрите меморијата!

Разни серуми за кожа и козметички третмани се препорачуваат секој ден во борбата против стареењето. Но, постои и подобар начин (според Gary Small, директор на UCLA Longevity center) како да се остане млад и здрав, со докажани долготрајни бенефити -вежби за умот.1. На секој предмет најдете му одредено место, кое по користењето ќе го вратите на истото место.

2. Создадете си креативна приказна со која веќе никогаш нема да ја заборавите листата на намирници кои морате да ги купите.

3. Вежбајте запознавање со некоја нова личност почесто и обидете се да го запомните името асоцирајќи со нешто што лесно се памти – ако се вика Теа, замислете си како пиете шоља чај (на англ.теа) со спомнатата личност.

4. Создадете асоцијации со зборови, па ако не можете да се сетите на името на глумецот, обидете се да се сетите во кој филм глуми и со кого глуми.

5. Бирајте игри во кои мора да го користите со умот – квизови, крстозбори, судоку….

6. Вежбајте ги своите вештини на памтење така, што ќе забележите што облекле вашите најмили наутро, а навечер кога ќе легнете во кревет, обидете се да се потсетите, во што точно биле облечени, од бојата и материјалот па се до кројот и понекој детаљ.

7. Борете се со навиките и обидете се да најдете нов, можеби подобар пат до работа, исчешлајте ја косата со другата недоминантна рака, поставете го часовникот на другата рака – сето тоа ќе го предизвика вашиот мозок, да се бори против рутината и да развие ментална вештина.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAarhus|престолнина на европскта култура за 2017 година
Следна објаваЗдрав леб од тиквици и чоколадо, засладен со мед!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР