Овогодинешната титула за престолнина на европската култура ја понесе  живописниот дански град Aarhus кој се наоѓа на североистокот на оваа скандинавска земја. На несекојдневната церемонија која беше одржана неодамна присуствуваа голем број на посетители и туристи кои имаа можност да ја доживеат магијата на атмосферата која наликуваше на сцена од филмско платно.

Манифестацијата беше отворена со поставување на шест викиншки бродови осветлени со неколку илјади лампиони, а сето ова пак збогатено со музички изведби на Aarhus Jazz Orchestra и Aarhus Symphony Orchestra.

Културната сцена во овој дански град одсекогаш била богата, а годинава ќе биде уште повеќе збогатена со многу културни содржини како што се перформанси, балетски претстави, јавни инсталации и др. Топло ви ја препорачуваме културната престолнина да биде ваша ваша следна дестинација зза патување.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР