МИРИС НА ЈАСМИН

Во собата темна,

штом кандило одненадеж светна,

на софата мала, се покажа силуета,

од една девојка млада.

Додека дождливата капка,

шепотејќи тивко паѓаше од олуците и нежно ги милуваше прозорците,

свиена во постела ладна,

како ранета тигрица гладна,

цврсто го држеше топлиот чај во својата дланка.

Врелата пара што рашири мирис од пресно скинат јасмин,

ја опи со жешка страст и таа почна да пие од чашата,

со силна сласт.

Капките полни мирисни ноти,

бакнувајќи ѝ ги нежно меките усни се тркалаа брзо по нејзиното грло,

сакајќи да ѝ го згреат влажното тело.

Допирот драг,

ја потсети на едно утро со префинет сончев зрак,

тогаш јавето го отслика сонот,

а илузијата слатка ја претвори во реалност,

која беше премногу кратка.

Сакаше да вика,

но немаше глас,

пушти ме мисло и дари ми спас.

Ивона Дамеска – Ида, ( “Душата на дланка”)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШарените ранци на Zarа се моден додаток на пролетта!
Следна објаваНаучете како да препознаете GMO овошје и зеленчук?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР