За да дознаете каква храна консумирате, важно е да ги читате декларациите. Но, токму тие декларации како намерно да ги комплицираат работите, па за нивен превод ни е потребен колегиум од прехрамбено-технолошкиот факултет. Затоа одлучивме да истражиме барем еден дел на мистериозните броеви, кои го кријат правото потекло на овошјето или зеленчукот кое секојденевно го јадеме.

Ако досега не сте ги забележале броевите на налепниците на овошјето, зеленчукот или на пакувањата, време е да почнете да внимавате. Контролните броеви на овошјето и зеленчукот ни кажуваат се – дали е GMO намирница и дали е органски и традиционално третирана.

Ако на налепницата или ознаката има 4 бројки, а почнува со 3 или 4, како на пример на бананите кои имаат 4011, тогаш станува збор за банана која е конвенционално или традиционално одгледувана, што значи дека се користени пестициди, но не е генетски модифицирана.

Ако наидете на 5 знаковен број кој почнува со бројот 8, станува збор за генетски модифицирана намирница. Така на пример, бројот на генетски модифицирана банана би бил 84011. Честопати GMO намирниците се обележени со 3 бројки.

Ако вашето овошје или зеленчук има 5 бројки кои почнуваат со 9, можете да бидете сигурни дека станува збор за органска, негенетски модифицирана намирница, која е одгледана без пестициди. Број на органски одгледана банана би бил 94011.

Најчесто генетски модифицирано овошје и зеленчук се јаболки, грозје, јагоди, боровници, праски, портокали, цреши, пиперки, краставици, спанаќ, кељ, пченка и компир. За да не биде се така црно, ретко генетски модифицирани намирници се манго, авокадо, ананас, дињи, либеници, грејп, киви, лук, патлџан, грав, зелка, печурки и сладок компир.

На здравје!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИвона Дамеска – Ида | Мирис на јасмин
Следна објаваРеалистични дела на Thierry Duval
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР