nastani-monaldi-kniga-imprimature-05

Најновиот роман „Имприматур“ на брачната двојка Рита Моналди и Франческо Сорти, во издание на „Антолог“, сега е преведен и достапен за читателската публика.  Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Романот од италијански на македонски јазик го преведоа Лилјана Узуновиќ и Борјана Мојсовска.

Интернационален бестселер – историски трилер што го приклештува читателот.

Иако приказната е фиктивна, многу од личностите и настаните се вистинити. Книгата се основа на истражувањата кои ги спровеле Моналди и Сорти, врз голем број ракописи и дела за опсадата на Виена и за Ато Мелани, познатиот италијански оперски пејач кој бил и дипломат и шпион.

Дејството започнува на 11 септември 1683 година. Градот Рим е во неизвесност. Граѓаните чекаат информации за исходот од битката кај Виена, во која Отоманската Империја е пред портите на католичка Европа.

Во меѓувреме, една римска гостилница е ставена под карантин поради сомнежи од ширење на чума. Меѓу затворените е и мистериозниот Ато Мелани, шпион што му служи на францускиот крал. Со помош на едно момче, тој открива скришен премин што води до мрежа тунели под градот. Секоја вечер тргнуваат на следно талкање во римското подземје кое ќе ги одведе до изненадувачки откритија во однос на останатите гости на гостилницата, но и во однос на битката меѓу исламот и Западот.

Со темелно истражување и со брилијантна замисла, историскиот трилер „Имприматур“ содржи воодушевувачки откритија криени со векови, кои буквално го приклештуваат читателот. Ова е трилер што фрла нова светлина на судирот на силите во Европа од XVII век, чии последици се чувствуваат до денес.

На крајот од книгата се наведени сите историски документи што авторите ги откриле во архивите а кои претходно не им биле познати на модерните историчари, со кои ги потврдиле теориите за таен договор помеѓу Вилијам III и Инокентиј XI. „Имприматур“ предизвикала многу научници и професионални историчари да спроведат натамошни истражувања на темата.

Кога била првпат објавена во Италија во 2002 година, книгата предизвикала огромен број контроверзии. Романот станал европски бестселер, преведен на 20 јазици и објавен во 45 држави. Досега се продадени повеќе од милион примероци. nastani-monaldi-kniga-imprimature-05

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛуксузна MDK9 куќа за кучиња- претерано или идеално?!
Следна објаваКој побрзо мисли – тие што пишуваат со лева или десна рака!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР