coffee-1246511-1280

Со векови на левораките се гледало како да патат од физичка абнормалност, а многу научници верувале дека токму тие луѓе кои пишуваат со лева рака, се во поголема неповолна ситуација од деснораките. Денес, новите истражувања за користење на рацете го менуваат ставот.

Една студија овјавена од US National Library of Medicine National Institutes of Health, докажа дека “левораките” луѓе најчесто имаат побрзи врски помеѓу левата и десната хемисфера на мозокот, што значи побрза обработка на податоците.

Истражувачите од Австралија ја анализираа успешноста и завршување на задачите на учесниците во проектот – од едните се барало користење на двете мозочни хемисфери во различни временски интервали, а од другите се барало користење на двете страни на мозокот во исто време.

Левораките учесници биле побрзи во обработката на податоците за кои било потребно да се користат двете половини на мозокот истовремено. Тоа е нешто што истражувачите го перцепираат како конгитивна предност, посебно кога е во прашање спортот и видео игрите. Меѓутоа треба да се има на ум, дека истражувањето е далеку од убедливо и дека асиметријата на мозокот е се уште релативно неисистражена наука. На самиот крај, оваа студија за левораките, фрла позитивно светло на историјската “лоша” физичка карактеристика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР