6 ЗАБАВНИ НАЧИНИ ЗА ВЕЖБАЊЕ ВО ЗИМА:

Пробајте со јога

Има ли подобар начин како да го завршите напорниот ден по стресната работа од релаксирање во потполна тишина и мир? Не се залажувајте, јогата не е ни малку лесна и е добар начин како да ги зајакнете мускулите на целото тело.

d-4

Одете на лизгалиште

Одете сами или со пријателите. Лизањето на лед е добро за целото тело. За да ја одржите рамнотежата ви требаат силни мускули, а мускулите на нозете и на задникот ќе работат повеќе отколку при трчење. За максимален ефект, обидете се 20-30 секунди да лизгате побрзо што можете, а потоа побавно.

Играјте

Кога слушате дома музика, зошто тогаш не направите лесни вежби за целото тело, воедно ве забавува и опушта! Пуштете ја омилената музика и само препуштете и се…..

Пливајте

Пливањето ги ангажира сите мускули, полесно е за телото од трчањето и е одлична опција за луѓето кои не се во најдобра кондиција. Ги зацврстува сите мускули.

Направете ги домашните обврски како игра

Секако морате да го исчистите домот. Можеби ќе ви изгледа чудно, но средувањето и сите останати обврски се одлична вежба за телото. Вклучете некој канал со добра музика и фокусирајте се на домашните задачи на кои ќе потрошите најмногу калории – чистење со правосмукалка и рибање на купатило. :) Повремено, по секоја песна уфрлете и неколку склекови.

Вежбајте во пријатната атмосфера во вашиот дом

Доколку гледате fitness video преку YouTube (ви предлагаме  Blogilates и Tone It Up) или некој стар DVD – овие опции не ве чинат апсолутно ништо! Повеќето од овие програми не бараат апсолутно никаква додатна опрема, затоа што се базирани на вежби со сопствена сила и тежина на телото.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправете сами украси за елка!
Следна објаваTate Britain го краси делото на скулпторката Shirazeh Houshiary!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР