Jackson Pollock е секако врвната фигура на апстрактниот експресионизам, а попознат е по својот уникатен стил на сликање т.н (drippainting). Роден е на 28 јануари 1912 година во малата американска држава Wyoming во многубројното семејство Cody, како најмлад од своите пет браќа. Своето најрано детство и младост ги поминува во државите Аризона и Калифорнија.

Во 1928 година тој за прв пат се запишува во уметничко училиште и тука започнува да експериментира со апстрактната уметност. Во годините кои што следат Америка запаѓа во длабока економска криза и всушност тогаш започнала големата депресија во земјата. Тоа се одразува и на младиот уметник кој морал да го напушти училиштето и да се запише на курс кај Thomas Hard Benton кој е главниот претставник на тогашниот американски реалистички рационализам. Во тој период Pollock започнува да ги проучува делата на надреалистите а посебно пројавува интерес за муралите на големите мексикански уметници како што се; Diego Rivera, Jose Clemente Orozco, David Alvaro Siquerios и др.

Неговиот немирен темперамент не му дава мир, и тој постојано патува ширум Америка, а при тоа патување и постојано слика. По неговото патешествие , тој се враќа во Њујорк и започнува да работи за (F.A.P), владина организација која била основона со една и единствена цел да им помага на уметниците во нивното творештво.

Во 1940 година кога започнува втората светска војна, младиот Pollock се воодушевува од Пикасовата “Герника” која патем ја отсликува тогашната ситуација во светот. Бил толку многу одушевен од Пикасо, што не пропуштал ниедна негова изложба.

Истата година Џексон се жени со својата девојка , младата сликарка Lee Krasner, која ќе му биде голема поддршка  како во неговото творештво така и во неговата афирмација како уметник. Покрај неговата сопруга една од позначајните негови поддржувачи била и сопственичката на познатата галерија “Art of this century” Peggy Gugenheim која ќе ги промовира делата на Pollock ширум земјата. Тоа е најплодниот период во животот на овој контоверзен уметник. Неговите дека ќе се најдат во најпознатите галерии низ Америка, ќе добива само позитивни критики од страна на ликовните критичари а секако треба да споменеме дека тогаш биле продадени најголем број на неговите дела.

Во средината на 50`те години од минатиот век откако ја освојува втората  награда на Венецијанското биенале,  Тој се здобива со огромна популарност ширум Европа.

Pollock станува легенда уште за време на својот живот, што е куриозитет за еден ваков уметник. Бунтовник по природа, тој секогаш жестоко реагирал на традиционалниот сликарски израз и на рационалистичкиот пуританизам. Најважен елемент во сликањето му била “Акцијата”, и затоа е познат како “татко на акционото сликарство”. Во една пригода ќе рече; “Сакам да ги изразам своите чувства, а не да ги илустрирам”. Својот живот го завршува релативно млад, на 44 години во сообраќајна несреќа како резултат на неговиот проблем со алкохолот.

14125

e20b8234935978d3030cd9ac3f59e049

cri_178388

flat1000x1000075f-u3

6447

the-key

jackson_pollock_quote01

pollock-beaton

22172853748_0b7d49de90_b

Working Title/Artist: Untitled Department: Modern Art Culture/Period/Location: HB/TOA Date Code: Working Date: 1948-49 photography by mma 1998, transparency #3b scanned and retouched by film and media (jn) 12_21_04

 

Number 14 1951 Jackson Pollock 1912-1956 Purchased with assistance from the American Fellows of the Tate Gallery Foundation 1988 http://www.tate.org.uk/art/work/T03978

 

jackson-pollock

pollock-close-up-at-moma-new-york-city-united-states-1152_12942568596-tpfil02aw-31556

5bd6ad50faf00a3741eaea7a4f2b5c33

namuth2bluecover

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР