laptop-computer-1245981-1280

Расположението во кое се будиме, честопати е темел на остатокот од денот. Ако не сте утрински тип и често станувате на лева нога, веројатно копчето за стопирање на алармот ви е најдобар пријател. Иако не постои ништо на овој свет, што шоља силно кафе не може да поправи, постојат одредени работи кои можете да ги направите во предходната ноќ или како прва работа наутро, за да го подобриле своето расположение во првите неколку часови од денот. Business Insider, неодамна ги опиша различните начини како да го започнете денот со осмев на лицето, од кои ги издвоивме овие три најдобри:

ПРЕСКОЧЕТЕ ГО КОПЧЕТЕ ЗА ОДЛАГАЊЕ НА АЛАРМОТ

Иако и нам копчето за аларм ни е најдобар пријател кога ќе го притиснеме 3 до 5 пати наутро, всушност копчето е и главната причина за нашето доцнење. Тоа прави повеќе штета, отколку корист. Секој пат кога повторно ќе заспиете, вашето тело повторно го започнува цклусот на спиење и влегува во подабоките фази на сонот, наместо да се припреми за будење.

ПУШТЕТЕ СИ МУЗИКА

Добар избор на песни, ќе ја спаси вашата утринска рутина. Но предходно, напревете си листа на песни кои ве водат од негативно кон позитивно размислување во текот на целиот ден. Заедно со шоља силно кафе и утринскиот туш, не постои ништо што ќе ви го уништи почетокот на денот.

ЈАДЕТЕ ДОРУЧЕК

Иако обилниот доручек не се вклопува во нашиот густ распоред, научниците со декади докажуваат на неговите озбилни бенефити. Од подобар метаболизам до зголемубање на продуктивноста на работа, започнете го денот со хранлив и рамнотежен доручек, кој ќе ви даде гориво за почеток на денот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДизајнерски даски за кујна со пораки!
Следна објаваМодерни цинк плочи за здрав дом!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ