На само 2 недели пред Marketing KingdomSkopje, кој се одржува на 30 септември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, сакаме да споделиме со вас некои интересни факти за најочекуваниот маркетинг-настан во Македонија оваа година.

  1. Marketing Kingdom Skopjeе првиот настан во Македонија кој вклучува презентации од светски гуруа за маркетинг од Shazam, Rolls Royce Motor Cars, Visit Britain, Coca-Cola, SAPи VISA.

    thumbnail_1


  2. Настанот вклучува и интерактивни презентации од Патрик Џефсон, генералниот секретар на принцезата Дијана и Мери Џо Џејкоби – единствената деловна личност во светот што работела за два претседатела на САД, Кралицата на Велика Британија и премиер на Велика Британија. А да, и Обама лично ја назначи да управува со кризата во BP America, за време на пролевањето нафта во Мексиканскиот Залив.

    thumbnail_2


  3. Со над 250 делегати од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија и Косово, Marketing KingdomSkopje нуди единствена можност за склопување нови контакти и ширење познанства со некои од најиновативните експерти за маркетинг во регионот.
  4. За да ја задоволиме огромната побарувачка на нашите идни маркетари, на 29 септември на Економскиот факултет во Скопје ќе се одржи Студентското издание на Marketing Kingdom Skopje, кое ќе вклучува презентации од SAP, Coca-Cola, Rolls Royceи Shell.

    4


  5. Marketing Kingdom Skopjeќе биде и местото кaде што македонските професионалци за односи со јавност и комуникации ќе можат за првпат да ја купат „Тајните на светските PR-експерти“, првата книга на P World за односи со јавноста, која содржи прилози од 12 првокласни гуруа за односи со јавност на светско ниво.

    5


  6. Годишно одржуван во 14 различни земји , Marketing Kingdomе еден од најголемите маркетинг-настани во светски рамки. Само во 2016 год., освен во Скопје, настанот се одржува и во Истанбул, Баку, Рејкјавик и Каиро.
  7. Првото издание на Marketing Kingdomсе одржа во Загреб во март 2011 год. и беше првиот настан во регионот што вклучуваше презентација од Facebook.
  8. Marketing Kingdomбеше првиот меѓународен маркетинг-настан што се одржа во Исламската Република Иран од Исламската револуција во 1979 год.

    8


  9. Marketing Kingdom беше првиот настан во Египет со презентации од Twitter, Google, Instagram, Facebook и Shazam.
  10. Marketing Kingdom го организираP World, агенција базирана во Македонија, која ја менува реалноста на бизнисот во 30 земји во светот.

За повеќе информации за Marketing Kingdom Skopje, вклучувајќи цени на билетите, говорници и агенда, посетете ја официјалната интернет-страница за настанот.

 

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Поле со лаванда
Следна објаваPanaria – керамички и гранитни плочки кои убаво ќе се вклопат во вашиот дом
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР