Реновирањето на домот е неопходна, но истовремено скапа и комплицирана работа. Скапите и луксузни плочки за кои сме дале многу пари, може да не го дадат посакуваниот ефект ако не се консултира архитект. Убаво осмислениот проект може да направи тие да блеснат во просторот.

panaria_zero3-aisthesis_sabbia_cerchi-paglierino_bath_800

Ивана Костовска еден од четворицата архитекти од салонот КераПро (претставник на керамичките плочки Panaria) советува  дека при изборот на плочките неопходно е клиентот да добие информации за производите, да се направи скица на просторот за потоа да не се случуваат дополнителни преправки. Се случува клиентот  на пример да купи лавабо кое не одговара на димензиите, во бањата. Или плочките што ќе ги одбере да го стеснуваат и онака тесниот простор. Или да се погреши изборот на бојата која исто така придонесува за негативен визуелен ефект. Најчесто си го замислуваме домот на еден начин, а во суштина  тоа не може да се реализира. Архитектите во КераПро при изборот на плочките во нивниот салон  изработуваат проект, со тоа добиваме јасна слика како ќе изгледаат плочките кои сакаме да ги ставиме. А кога ќе се визуализира просторот тогаш носењето одлука е полесно.

12311323_10153651411071166_3909960879514090231_n

Во Скопје ретко кој салон нуди професионална помош од архитект при изборот на плочки.  Зошто да немате модерна бања, кујна или тераса која ја изразува вашата креативност и стил, која ќе ви овозможи да се чувствувате удобно, просторот ќе биде функционален, а истовремено визуелно да ви биде привлечно. Да креирате убав простор каде ќе можете да се опуштите, да здивнете од напорното секојдневие, да останете сами и да уживате.  Во салонот КераПро можете да изберете од елегантните и високо квалитетни плочки на Panaria, Cotto d`este, Lea, BluStyle плочки од различни стилови, со техно елементи, авангардни, со имитација на дрво, камен и друго!

kupatiloКвалитетните плочки траат со децении, тие се вредна инвестиција во домот, и ако на прв поглед цената ви е проблем сетете се дека ако поставите поефтини плочки многу веројатно е дека тие побрзо ќе се скршат, оштетат  а купатилото, кујната или ходникот никогаш нема да изгледаат кралски. Керамичките плочки Panaria се привлечни за окото, претставуваат долгорочна инвестиција која секако ќе ви врати,  овозможувајќи ви многу мир и спокојство, и среќни моменти за целото семејство. Јавете се на 02 307 4714, прашајте на info@kerapro.com.mk, или преку http://kerapro.mk/ Вашиот простор ќе изгледа полуксузен, попростран и многу поубав! 

panaria

Panaria_Buxstone_Bagno_Scandinavo_ 012

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 работи кои треба да ги знаете за Marketing Kingdom (Скопје)
Следна објаваОвие 6 торбички се апсолутен есенски хит!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ