Пари, корупција и американски сон.

WarDogs_IMG1_bigРежисерот Тод Филипс (трилогија „Мамурлак“) ни ја претставува хумористичната драма „Кучиња на војната“ која е базирана според вистинита приказна. Во главни улоги се Џона Хил и Мајлс Телер.

WarDogs_IMG2_bigДвајца пријатели во нивните рани дваесетти години (Хил и Телер), живеат во Мајами за време на војната во Ирак, ја користат малку познатата владина иницијатива која им овозможува на малите бизниси да се обложуваат за американски воени договори.

WarDogs_IMG3_bigПочнувајќи со мали пари, тие почнуваат да заработуваат големи пари и да живеат скап живот. Но, штом ќе стигнат до 300 милиони долари договор ќе западнат во бизнис со многу сомнителни луѓе, кои ќе испадне дека припаѓаат на американската влада. Приказната се базира на вистинити настани. Ова можеби била една од најголемите измами што се случиле некогаш…и може да се случи само во Америка.

WarDogs_IMG4_big„Кучиња на војната“ се развиле од приказната за две момчиња кои само што влегле во дваесеттите години кога станале милионери и меѓународни трговци на оружје. И изгубиле сѐ во еден момент – кога се чувствувале дека се на врвот. Една од темите која се повторува кај Тод Филипс се особите кои донесуваат лоши одлуки – и нивните последици. Во овој филм нема четворица пријатели кои планираат луд викенд во Лас Вегас, туку двајца момци кои успеваат да ја искористат малку познатата владина иницијатива и да заработат 300 милиони долари.

WarDogs_IMG5_bigФилипс објаснил: „Мислам дека филмовите се сфаќаат сериозно кога се базираат на вистинити настани, а тука имаме приказна за подемот и падот на двајца млади дваесетгодишни момци кои се во потрага по својот „американски сон“ и ќе станат жртва на својата алчност. Се разбира, алчноста ги спречува да донесат правилни одлуки.“

WarDogs_IMG6_bigПремиерното прикажување на „Кучиња на војната“ пред македонската публика бешe на 01.09.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКруни со пеперутки
Следна објаваБрендот Alexander McQueen го лансираше својот прв парфем!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ