Првиот петок од Август е Светски ден на пивото! Пивото е најпознат светски алкохолен пијалок и трет најконзумиран пијалок после водата и чајот, што ни дава идеја за тоа колку луѓето сакаат пиво. Но дали сте знаеле дека:

  • Пивото е и всушност најстариот подготвуван пијалок, кој датира од неолитот или 9500 години п.н.е.
  • Амстердам ги плаќа алкохоличарите со пиво. За чистење на градските улици локалните алкохоличари добиваат 10 евра, половина пакетче тутун и 5 пива како надомест од владина организација.
  • Најсилното пиво на светот е Brewmeister’s Snake Venom. Додека обичното пиво содржи околу 5% ABV, овој шкотски убиец има изненадувачки 67.5% ABV (alcohol by volume).

12020738265_9762a141c5_b– Во 1814 скоро 400.000 галони (или 1514 кубни метри) пиво поплавиле неколку улици во Лондон откако огромна цистерна била оштетена во St. Giles.

8646948868_bd9b770c6d_b

  • Пивото е навистина здраво! Според Американскиот Дневник за Епидемиологија, конзумирањето на едно шише пиво дневно го намалува ризикот за бубрежни камења за дури 40%. Освен тоа, пивото ги зацврстува коските со тоа што содржи големи количини на силикон кој ги складира калциумот и минералите во коскеното ткиво.
  • За пивото и неговата подготовка има цела наука наречена зитологија (цитологија) со потекло од грчкиот збор за пиво – zythos.
  • Земјата во која најмногу се конзумира пивото и тоа по импресивни 151 литар по жител е, логично, Република Чешка.
  • Најскапото пиво е белгиското “Vielle Bon Secours“, од кое едно шише чини околу 1000 американски долари. Белгија исто така има и најразновидна понуда на пива од светските 400 видови пиво кои постојат.www.aux-delices-franco-belges.ch-la-vieille-bon-secours
  • Пивото дури било и она што е Беатриче на Данте Алигиери за старите Викинзи. Тие верувале дека во нивниот рај, наречен Валхала, постои коза која дава неограничени количини пиво.thepubscout.com-image135
  • Старите Вавилонци биле толку сериозни околу подготовката на пивото што ако некој лошо си ја завршил својата работа низ процесот на подготовка, истиот морало да биде удавен за казна.madiralekh.com-Babylonian-Beer-Brewing
  • Најголемиот фестивал на пивото е Октоберфест во Минхен, Германија. Овој 16 дневен фестивал со почеток од доцен септември до првиот викенд во октомври го полни Минхен со 6 милиони посетители од целиот свет.
  • Пената на вашето пиво е всушност од голема важност. Таа е формирана од комплексна реакција со јаглерод диоксид и може да каже многу за квалитетот на пивото. Ако нема пена тоа значи дека вашето пиво има “блунтав“, тежок вкус.beer-foam
  • Во било кој момент 0.7 од светската популација е пијана, што значи дека 50 милиони луѓе ширум светот се под дејство на алкохол, а тој алкохол има големи шанси да е токму пивото.
  • Ценосиликафобија (Cenosillicaphobia) е страв од празна чаша. Реална фобија, зарем не?
  • Пивото играло важна улога во откривањето на кислородот како гас од Џосеф Присли. Тој видел меурчиња како излегуваат од тубите пиво во некоја пивара и замолил да направи неколку експерименти.
  • На почетокот на Баварската Пивска Недела во Германија традиционално се пушта градска фонтана од која тече пиво.Germany_Munich_Sculpture_Fountain
  • Месечината има кратер кој е наречен Beer (анг: пиво).
  • Најбизарното за крај, во 1980те коза што пие пиво била избрана за градоначалник на Lajitas, Тексас.Уживајте во викендот и прославете со едно пиво. На здравје!pre-beer-beers-720x405

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР