01

Дозволете ни Ви откриеме една навистина интригирачна фотографска серија на Anna Radchenko, наречена „Пријатни лаги“.

Огромната различност меѓу сонот и јавето, трудот да се достигне совршеното, имитација на идеалите.

Ќе забележите огромен слон создаден од нежни кристали, жртва да се постигне идеалот од сликата, да се постигне имитација која лесно би го заменила оригиналот, тука е и огромната печурка која ни е преставена како облак, доминантната бела боја која го симболизира боженствената недопирливост и црвената која не потсетува дека сите сме само луѓе. Наспроти неа, стои црната која стои како оклоп заштитувајќи ја нашата лесна кршливост.

„Пријатни лаги“ е олицетворение на борбата со нашата непобедлива вистинска внатрешна природа, со онаа која ја креираме за да се претставиме себеси пред очите на светот.

02

04 03 05 06 08 09 07

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦветни девојки
Следна објаваTоп торби за плажа!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР