Фотографот од Хјустон, Daniel Colvin својата работа ја посветува на фотографирање патувања, животен стил и свадбени фотографии. Секоја година заминува на патување од неколку месеци и на крај ги споделува фотографиите од таа авантура.

За себе кажува дека е опседнат со премногу работи, како на пример уметност, кафе, сладолед, животни, а најмногу од сè – раскажување приказни.

Најголемо задоволство во врска со неговата работа му причинува среќата која што им ја носи на луѓето кои се во фокусот на неговите фотографии.

Освен на неговата официјална страна, повеќе за неговата работа можете да видите на неговиот Инстаграм профил.

1 2 3 4 5 6 7 8

НЕМА КОМЕНТАРИ