Врз основа на избор на околу 30 хипер реалистични скулптури од 24 врвни меѓународни уметници, изложбата „Преобликувана реалност, 50 години хипереалистична скулптура“ ќе го прикаже развојот на човековата фигура во хипер реалистична скулптура во текот на последните 50 години.
Изложбата е ретка можност на едно место (во три музеи во Шпанија, Мексико и Данска) да се видат најзначајните светски уметнички остварувања на столетието.
Изборот на скулптури ќе открие пет различни клучни проблеми во претставувањето на фигуративниот реализам, со цел да се нагласи на кој начин ги гледаме нашите тела кои се предмет на постојани промени. Една од носечките теми на изложбата е наречена „Димензии“. Во рамките на оваа тематска цели на ќе бидат претставени дела од уметници кои користат хиперреалистилен начин во претставувањето на човечки фигури.
Изложбите ќе се одржат во три градови во период од една година:
07 јуни – 26 септември 2016 „Museo de BellasArtes de Bilbao“, Билбао
15 октомври 2016 – 08 јануари 2017 „ Museo de Arte Contemporáneo de Monterrey “ , Мексико и од 04 февруари – 06 август 2017 „ ARKEN Museum of Modern Art “, Копенхаген.
Во рамките на овој светски проект ќе бидат изложено делото „Обичен човек“ на Жарко Башески меѓу делата на познатите уметници како што се Рон Мјуик и Сем Џинкс.
На оваа изложба се претставуваат најзначајните уметнички дела од хиперреализмот во светот и учеството на еден македонски уметник како што е Жарко Башески претставува високо признание за неговиот творечки дострел.
Интересотна Жарко Башески е свртен кон човекот, па оттука и интересот за хиперреален пристап во обликувањето на концептот на работа, кои во теоретска прикажување го надминува хиперреализамот и кој зборува за животот и светот во кој живееме.
“За мене е голема чест да бидам избран од една реномирана германска институција во 20-тенајпознати современи автори од ликовната уметност.Моето присуство исто така потврдува дека и автори од овие простори како што е Македонија може да остави важен белег и да биде во кругот на најдобрите, а воедно тоа е стимул за секој уметник во потполност да се изрази себе си преку творештвото кое го создава.“– изјавува Жарко Башески.