На сите веб-генератори за новости ќе ја најдете оваа одлична вест за сите љубители на книгата: oд 10 до 22 часот секој ден во периодот од 31ви мај до 04 јуни во соработка со Македонската асоцијација на издавачи ќе се организира „Летен саем на книга“ во Рамстор мол. Арс Ламина, ТРИ, Култура, Сакам книги, Полица, Матица, Антолог и Паблишер се издавачите кои што нудат саемски попуст и изненадувања втор пат оваа година со својот богат избор на книги безразлика дали се популарни наслови или класици.

.4.

Слоганот на овогодинешниот Летен саем на книга не изостанува од минатите години, така што и на нас ни` останува да Ви порачаме и „Ова лето уживајте со добра книга“ и правец во Рамстор!

Ќе следува продолжение на истиот во Сити мол од 15ти до 21ви јуни.

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ