.1.

Тие имаат лице нежно осенчено,

Како да паѓа на него сенка од проѕирни лисје,

И лицето неусетно се издолжува.

Тие имаат очи зголемени, замислени и влажни,

Како да се плашат од секоја странична изненада.

Тие го наклонуваат така леко челото

Да го допрат до усните на саканиот

Што им се чинат тогаш како крилца од пеперуга

Застаната на тревка — за миг пред да одлета —

А тревката се наклонува.

Тие ги стрелкаат тогаш в преграб рацете

Очајнички смело, слепо и неминовно

Како весла во разнишано море

Пред кое неволно замижуваме.

Боже, дали вистина некогаш сум го доживеал тоа?

~ Блаже Конески

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтари мапи и патенти претворени во ламби
Следна објаваСо звуците на ирската река Shannon до подобар сон
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР