Судир помеѓу суперхероите на големото платно.

CaptainAmerica_CivilWar_IMG1_bigУште еден марвелов филм за стрип-јунакот Капетан Америка. Марвеловиот „Капетан Америка: Граѓанска војна“ продолжува таму каде што филмот „Одмаздници 2: Ерата на Ултрон“ заврши. Стив Роџерс (Крис Еванс) ќе го води новиот тим на „Одмаздниците“ за зачувување на човештвото против тимот на Ајрон Мен (Роберт Дауни Џуниор).

CaptainAmerica_CivilWar_IMG2_bigПо уште еден меѓународен инцидент во кој „Одмаздниците“ биле вмешани и во кој дошло до колатерални штети, се засилува политичкиот притисок да се воспостави систем на одговорност и управувачко тело кое ќе одлучува кога тимот треба да биде ангажиран.

CaptainAmerica_CivilWar_IMG3_bigВаквата одлука ќе ги подели суперхероите, некои се согласуваат со создавањето на новиот систем, некои сметаат дека хероите треба да бидат слободни, а не управувани од властите. Новиот „статус кво“ ќе ги подели Одмаздниците додека пробуваат да го заштитат светот од новите негативци.

CaptainAmerica_CivilWar_IMG4_bigВо филмот главни улоги се Крис Еванс, Роберт Дауни Џуниор, Скарлет Јохансон, Себастијан Стен, Ентони Маки. Ко-режисерот Џо Русо изјавил дека „најмоќното снимање од филмот“ било кога Стив Роџерс запирал хеликоптер од полетување со голи раце. Крис Еванс за оваа сцена вежбал напорно за физички да ја исполни улогата бидејќи тие сакале да го тестираат лимитот на неговата физичка сила.

CaptainAmerica_CivilWar_IMG5_bigКрис на почетокот не бил сигурен дали да ја прифати улогата на Капетан Америка, но сега смета дека тоа била најдобрата одлука што ја направил. Роберт Дауни Џуниор и Крис Еванс ја опишуваат динамиката меѓу Ајрон Мен и Капетан Америка како бракот: „Се сакаме еден со друг, но сме како експлозив. Работиме кон иста цел, но со различни пристапи. Сепак тоа е одлично: никој не е во право ниту пак греши. Тоа прави уште потешко тие двајца да дојдат до договор“.

CaptainAmerica_CivilWar_IMG6_bigПремиерното прикажување на „Капетан Америка: Граѓанска војна” пред македонската публика бешe на 05.05.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИрина Тошева | Риза во современ контекст
Следна објаваСтари мапи и патенти претворени во ламби
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ