Mакедонската модна дизајнерка Ирина Тошева го објави модниот едиторијал за новата колекција „Риза“.

1Во новата колекција за пролет/лето ’16, Ирина Тошева нуди ново читање на ризницата на национални ракотворби. На колекцијата е работено цели 6 месеци во соработка со архитектот Никола Кунгуловски.  Во овој период, највпечатливите и најкомплексни македонски везови од минатите столетија се сведени на едноставен геометриски код кој е заеднички за нив. На тој начин колекцијата претставува модерен превод на традицијата и нејзиниот дезен претставува есенција на нашиот вез. За оваа намена користени се најновите технологии за тродимензионално печатење со што се прави вистински превод на совршените, но и груби текстури од историјата на нашата мода.

2„Чистината на модниот едиторијал го отсликува целиот процес на изработка на колекцијата. Сакавме да покажеме дека комплексноста, секогаш може да се сведе на естетска едноставност која се консумира со задоволство.“  – изјави Тошева.

3На едиторијалот работеше докажаниот тим на дизајнерката, а го сочинуваат: фотографот Миладин Паповиќ, шминкерот Виктор Мирчевски, фризерското студио Allure и графичкиот дизајнер Кристина Манчева. Модели се Рене Врајт и Ана Станојковска од модната агенција „Подиум“ и Елена Анѓеловска од модно студио Црнокрак. Дизајнерските столици од Think и чевлите од Chantel одлично ја надополнија целата приказна.

4Колекцијата е достапна за продажба во ателјето на дизајнерката, како и онлајн на www.irinatosheva.com и www.bastetnoir.com. Изработката на колекцијата е овозможена од MK3D,а поддржана од Министерството за култура на РМ. Беше претставена на Модниот викенд во Скопје и Prishtina Fashion Nights во Приштина.

5

6 7 8

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМузејот “Louvre”, белегот на француската престолнина!
Следна објава[Филм] Капетан Америка: Граѓанска војна
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ