Mали утрински ритуали кои не прават посреќни!

Mали утрински ритуали кои не прават посреќни!

По утрото денот се познава! – Позната реченица – но, не сте ни свесни колку всушност е точна!

ВДИШЕТЕ ВОЗДУХ!

Наутро, после спиење, отворете ги сите прозори дома, застанете покрај еден и длабоко дишете 10 минути. Потрудете се да се чувствувате здрави и среќни. Ако утрото го почнете со позитивен став, преку ден ќе бидете поотпорни на негативната енергија која сигурно ве очекува.

ИСТЕГНЕТЕ СЕ!

Брзите (нагли) движења по спиењето, можат да предизвикаат проблеми, телото е малку поспоро кога ќе се разбудите. За да не случи тоа, по утринската хигиена, задолжително направете вежби за истегнување. Ако не знаете како се прават, побарајте совет на интернет.

ТОПЛО-СТУДЕН ТУШ!

Скокнете под тушот и туширајте се со топла и студена вода. Тоа ќе ја подобри вашата циркулација, но и потполно ќе ве разбуди и наполни со енергија.

ДОРУЧЕК ПРЕД КАФЕТО!

Можеби кафето и цигарата се ваш утрински ритуал кога ќе станете, но не треба да ги консумирате на празен стомак. На сите ни е познато колку е важен доручекот, тој е подлога за цел ден. Доручкувајте на мир и без брзање. Интегралните житарки со јогурт и овошје, се добар извор на енергија.

ПЛАНИРАЈТЕ!

Најмногу прблеми наутро, луѓето имаат заради лошо планирање на времето. Целиот утрински стрес доаѓа од брзањето и доцнењето, а тоа е нешто што можете да го избегнете доколку добро се организирате. Пред спиење, направете распоред за утрешниот ден. Се разбира, потребно е време за да ги примените новите навики, но не се откажувајте. Тоа се навики од кои ќе бидете подобро расположени, активни, поодморни, здрави и убави.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФутуристичка подземна куќа во Белгија
Следна објаваКреативни идеи за вкусен појадок
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР