Најнежната драма на Паоло Сорентино.

Youth_IMG1_bigМајкл Кејн и Харви Кајтел донесоа животна длабочина во најнежниот филм до сега на Паоло Сорентино„Младост“ . Филмот ни носи емотивно богата контемплација на животната мудрост која е здобиена, изгубена и запаметена. Ова е втор англиски филм на Сорентино.

Youth_IMG2_bigФред и Мик, двајца стари пријатели се на одмор во еден елегантен хотел во подножјето на Алпите. Фред е поранешен композитор и диригент, а сега е во пензија. Мик, кој е филмски режисер, сѐ уште работи.

Youth_IMG3_bigТие со љубопитност и нежност гледаат на збрканите животи на нивните деца, на младите полетни сценаристи што му помагаат на Мик и на другите гости во хотелот. Додека Мик макотрпно се труди да го заврши сценариото за филмот што смета дека ќе биде негов последен важен филм, Фред нема никаква намера да се врати на својата музичка кариера. Но, некој по секоја цена сака повторно да го види како диригент.

Youth_IMG4_bigНа 28мите Европски Филмски Награди, филмот „Младост“ доби награда за најдобар филм, најдобар режисер за Сорентино и најдобар актер за Кејн. Филмот беше номиниран за Оскар: за најдобра оригинална песна.

Youth_IMG5_big

Премиерното прикажување на „Младост” пред македонската публика бешe на 07.04.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп од 11.04. – 17.04.2016 година!
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (11.04 – 17.04)
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ