469-Horoskop-800x600ОВЕН

Заслуживте орден, бевте исклучително штедливи и внимателни со парите минатата недела. Доколку се стабилизиравте, слободно почестете се со нешто, што одамна го посакувате. Кон средина на неделата, ве очекуваат пријатни моменти со колегите. Ќе бидете со нив во добри односи, радосни, насмеани и исполнети. Иднава недела ве очекува мир и баланс во љубовта, ќе бидете релаксирани и сите ваши емоционални потреби ќе бидат исполнети. За викенд, обидете се заклучоците да не ги носите на основа на своето лично его, туку погледнете малку и во луѓето околу вас.

БИК

Ќе бидете малку повеќе зафатени во почетокот на идната недела, но тоа вам ќе ви одговара повеќе од било што. Направете ред околу вас и организирајте се што подобро. Измените кои ќе ги направите во својот живот, позитивно ќе влијаат на вашиот љубовен живот. Кон средината на неделата, ќе бидете во дилема дали да одите во големо пазараување, или не. Размислете добро, ако претерате, можеби ќе се доведете во ситуација да ви биде непријатно. Но, доколку се одлучите за големото пазарување, бидете внимателни. За викенд, ви следи успех и чувство како да сте на врвот. Ќе бидете полни со самодоверба. Запомнете, не сте непобедливи, спуштете се на земја, така е подобро за вас.

БЛИЗНАЦИ

Ќе се оптеретите со небитни детали, но на ваша среќа, ќе успеете ситуацијата да ја држите под контрола. Во вторник, бидете му при рака на еден ваш пријател – вашето внимание и разбирање ќе му бидат многу потребни. Во вторник и среда, ве очекуваат романтични моменти кои долго ќе ги помните, особено ако во последно време ви недостасува нежност. За викенд, посветете се на финансиите и планирањето на домашниот буџет. Некои ваши ставови во однос кон парите, треба да се сменат. Можно е премногу да сте стегате и да штедите на себе.

РАК

На почетокот од неделата, вашата доверба да чувате тајна ќе се најде на тест пред вашиот шеф. Мора да одолеете, тоа што ќе го дознаете, не го кажувајте пред другите. Една тешка одлука ќе биде донесена до крајот на неделата, но во вторник, многу ќе размислувате за тоа. Слободно, посоветувајте се со некого во кого имате доверба и дознајте, како би постапил некој друг на ваше место. Исто така, бидете свесни дека не можете да изберете полесен пат. Петок е денот, кога комплиментите на ваша сметка ќе доаѓаат од сите страни! Уживајте во заслуженото внимание и стекнатата самодоверба.

ЛАВ

Оваа недела почнува со недоразбирања во вашата работна средина. Во понеделник, потрудете се да ја гледате својата работа и заборавете го прашањето за зголемување на платата или повисока функција. Од друга страна пак, вашите деловни соработници никогаш не биле толку многу одушевени со вас како личност. Средата е одлична за квалитетно време со пријателите. Одговорете на секој повик за дружење и деновите ви се гарантирано исполнети со забава и смеа. Внимавајте на вашите соништа, посебно во петок и сабота. Иако не сте по нивно толкување, ќе добиете впечаток дека ве очекува голем добиток.

ДЕВИЦА

Почетокот на недела искористете го за планирање на одморот. Времето пред вас, исполнете го за размислување на саканата дестинација, друштво, но и трошоците. Од вторник па се до четврток, ве очекуваат многу деловни обврски, заради тоа, вашиот приватен живот ќе биде во втор план. На среќа, партнерот и семејството се трпеливи и имаат разбирање. Главната работа за вас во овој период, е добрата организација. Бидејќи вашиот ангажман нема да остане незабележен, внимавајте на злонамерните и неискрени колеги. Викендот искористете го за престој на свеж воздух.

ВАГА

На почетокот од неделата, заборавете на големи деловни потфати. Сите договори и одлуки од овој тип, оставете ги за среда. Во вторник, потребно е да внимавате на сообраќајот. Многу работи не ги земајте здраво за готово, посебно кога ќе дојдете до некои информации на работното место. Во четврток, ќе станете свесни за зголемената блискост со некого кого скоро го запознавте. Со новите познанства, вашата типична срамежливост заминува во втор план. Кон крајот на неделата, повторно фокусирајте се на кариерата и потрудете се на вашите шефови да им ги понудите новите идеи.

ШКОРПИЈА

Во понеделник и вторник, енергијата треба да ја упатите кон вашите најблиски. Потребна е и малку тактика, бидејќи е неблагодарно некого да советувате а воедно да бидете критикувани. Бидете свесни за ова цело време, за да не нанесете повеќе штета отколку корист. Во среда ќе дојдете до некои важни информации за вашата работа и потрудете се да ги искористите на најдобара можен начин. Петокот е погоден за големо средување на вашиот животен простор и тогаш слободно побарајте помош од вашите пријатели. Вечерта би можела да помине во добра забава која долго ќе ја паметите.

СТРЕЛЕЦ

Оваа недела ќе бидете посебно возбудени и позитивни, а можно е, тоа расположение некого во вашата средина, многу да го нервира. Не посветувајте внимание. Имате право да бидете среќни и не дозволувајте никому тоа право да ви го земе. На сред недела, спремете се да ги засукате ракавите и да му погнете на пријателот кој е во невоља. Доколку е потребно, одложете ги вашите обврски. Не го оставајте на цедило. Пред крајот на неделата, можно е да дојдете во непријатна ситуација со некој завиден колега. Останете мирни и се ќе се заврши како треба.

ЈАРЕЦ

Многу убава и позитивна енергија која останува во вас, после исполнетиот и романтичен викенд. Ќе бидете полни со енергија и тоа ќе се рефлектира на работата, а ве очекуваат и неколку одлични деловни моменти. Вие дефинитивно, заслуживте да бидете среќни. Најпосле, уживате во тоа што ви е дадено. Кон средината на неделата, посветете се на своето тело, кое сте го запоставиле. Запишете се на некој спорт или одете на долги прошетки. Како неделата оди кон крајот, вие ќе бидете се повеќе заљубени и страствени. Ако сакате тоа да му го пренесете на партнерот, бидете внимателни, да не го исплашите….

ВОДОЛИЈА

Цела недела ќе ве грижи проблемот на некој од членовите на вашата фамилија. Убаво е да бидете од помош, но не ги запоставувајте ни вашите лични обврски, желби и планови. Бидете искрени по прашањето за емотивните односи, за да се чувствувате добро. Кон крајот на неделата, љубовта ќе биде во прв план во вашиот живот. Искористете ја позитивната енергија и поминете убаво време со некого кого го сакате. Викендов имате позитивна ситуација.

РИБИ

Неделата пред вас ќе почне добро. Очекувајте многу позитивна енергија и убави моменти кога е во прашање социјалниот живот. Ќе имате многу состаноци, како деловни и така приватни во вашиот распоред. Имате уште многу деловни обврски пред вас, така да не се опуштајте премногу, а кога во четврток ќе почнете со новиот проект, побарајте помош од пријатели. Имате многу кои сакаат да ви помогнат. Ако наредниот викенд не можете да донесете одлука за некои прашања од правен аспект, не брзајте. Оставете ги на страна додека не се разјаснат.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасни пролетни фустани!
Следна објава[Филм] Младост
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР