Сите посетители на киното Cineplexx ќе имаат можност повторно да уживаат во најдобрите и најгледаните филмски остварувања од 2015 година, со акцијата “Best of 2015” по специјална цена на билет од 100 денари.

001

Доколку пропуштивте да погледнете некои од блокбастерите или сакате повторно да погледнете некој филм кој ве воодушевил, во периодот од 1 до 30 април ќе бидат прикажувани најдобрите и најгледаните 15 филмови од минатата година. Покрај овие филмови ќе се појават и некои филмови кои го одбележаа почетокот на оваа година.

Spectre_SBgr2

За сите љубители на научната-фантастика ќе биде прикажана седмата епизода на „Војна на ѕвездите: Силата се буди“, додека сите фанови на тајниот агент Џејмс Бонд ќе можат да уживаат уште еднаш во 24тото продолжение на франшизата под името „Спектра“. Годината ја одбележа и оскаровецот Леонардо Ди Каприо за најдобра машка улога во филмот „Повратник“ на режисерот Ињариту, како и романтичниот филм „Педесет нијанси сиво“ и авантурата за искачување на највисокиот планински врв на светот „Еверест“.

Furious7_IMG1_big

Уживајте во продолжението на одличната комедија „Тед 2“, акцијата „Брзи и бесни 7“ во која за последен пат се појавува Пол Вокер, враќањето на Стивен Спилберг како извршен продуцент на долгоочекуваното продолжение за „Паркот Јура“ – „Светот Јура“, трилерот „Мост на шпионите“ со Том Хенкс и приказната за големиот колапс на економијата „Обложување на столетието“.

Jurassic_World_IMG2_big

Најмладите посетители на киното Cineplexx ќе можат да уживаат во анимираните авантури „Алвин и верверичките: Големото патешествие“, „Малиот принц“, „Хотел Трансилванија 2“, „Снупи и Чарли Браун“ и „Мињони“.

Minions_IMG5_big

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАрхитектура на чаша од Starbucks
Следна објаваБлузи со отворени рамења се хит на пролетната сезона!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ