Седмото продолжение на франшизата ,,Брзи и бесни’’ пристигнува во Cineplexx на еден ден пред премиерата во САД.

Furious7_IMG1_big

Немам пријатели. Имам семејство. Овие четири зборови се сржта на франшизата ,,Брзи и бесни’’, карактеризирајќи го лојалниот тим на актери, режисери и филмска екипа кои се зближија низ годините работејќи заедно на овие седум продолженија. Пред речиси петнаесет години никој не можеше да предвиди дека судбината на приказната за уличните тркачи од улиците на Лос Анџелес ќе се трансформира во најпопуларната и најдолгата франшиза на сите времиња.

Furious7_IMG2_big

Сега, „Брзи и бесни 7“ пристига како крунисано достигнување на долгата сага – како најдобриот, најголемиот и најисполнетиот ,,Брзи и бесни’’ филм досега. За секој од ,,брзи и бесни’’ фамилијата – тие кои се на платното, тие зад камерата и лојални фанови низ целиот свет: Ова продолжение за нив е навистина посебно. Продолжувајќи ги авантурите низ целиот свет, Вин Дизел, Пол Вокер и Двејн Џонсон ја предводат својата екипа во седмиот дел на ,,Брзи и бесни’’. Џејмс Ван го режира ова поглавје од исклучително успешниот серијал, во кое се враќаат и веќе нам познатите: Мишел Родригез, Џордана Брустер, Тајрис Гибсон, Крис “Лудакрис” Бриџис, Елса Патаки и Лукас Блек. Овојпат, ним ќе им се приклучат и интернационалните акциони ѕвезди како: Џејсон Стејтам, Џимон Хансу, Тони Џа, Ронда Роузи, Натали Емануел и Курт Расел.

Furious7_IMG3_big

Дејството на филмот продолжува една година откако екипата на Дом (Дизел) и Брајан (Вокер) се враќаат во Америка со помилување за нивните прекршоци. Ги гледаме како се прилагодуваат кон животот, овојпат од вистинската страна од законот, но нивниот живот добива некоја нереална димензија. Дом очајно се обидува да се зближи со Лети (Родригез), а Брајан се обидува да се прилагоди на домашниот живот со Миа (Бростер) и нивниот син, додека Теј (Бриџис) и Роман (Гибсон) уживаат во слободата во плејбој стил.

Furious7_IMG4_big

Никој од нив не ни сонува дека опасноста им демнее над главите во ликот на ладнокрвниот британски таен агент и убиец Декард Шо (Стејтам) кој со нив сака да израмни нерасчистени долгови, прогонувајќи ги брзите и бесни заради убиството на својот помал брат Овен (Лук Еванс). Со зборовите „немам пријатели, имам семејство“, Дом ја започнува новата битка за да си го сочува семејството.

Furious7_IMG5_big

Премиерното прикажување на седмото продолжение на „Брзи и бесни“ пред македонската публика e на 02.04 (четврток) со почеток од 19:45 часот, по што филмот ќе биде поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФотогалерија | 35 години од Факултет за ликовни уметности
Следна објаваГлавни трендови за сезоната пролет/лето 2015
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ